Утрински Весник
Спорт

Според навивачите – Фетел е подобар возач од Хамилтон!

Според навивачите – Фетел е подобар возач од Хамилтон!

 

Германскиот Ф1 пилот Себастијан Фетел е најдобриот возач во својата генерација, сметаат навивачите кои гласаа на анкетата на сајтот „Formula1News.co.uk.“.

Германецот кој освои 4 титули од 2010 го 2013 година доби 53% од гласовите, дури 22% повеќе од актуелниот седукратен шампион во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон.

На ѕвездата на Мерцедес не му помогна ниту изјавата на Фетел кој неодамна рече дека Луис е најдобриот возач во оваа ера. Фетел на крајот на сезонава го напушта Ферари.

Иако веќе се е решено во сезонава во Ф1 циркусот, во недела следува нова трка, за Големата награда на Бахреин.

 

Извор: formula1news.co.uk

 

Можете да прочитате

Ивановски трет на Скопскиот маратон, победата ја однесе Кениецот Њороге

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Синер откажа уште еден турнир