Утрински Весник
Македонија

МРТ со скратени 3,6 милиони евра во предлог-буџетот за 2021 година

МРТ со скратени 3,6 милиони евра во предлог-буџетот за 2021 година

Со предлог-буџетот за 2021 година, Министерство за информатичко општество и администрација планира да одвои 670,5 милиони денари (10,9 милиони евра) од државниот буџет за Македонска радио телевизија. Ова е намалување од 223,5 милиони денари (3,6 милиони евра), наспроти 894 милиони денари (14,5 милиони евра) кои за јавниот сервис беа одвоени во буџетот за годинава.

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, претставувајќи го предлог-буџетот за 2021 година, рече дека 900.000.000 денари се одвојуваат за финансирање на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Националната Радиодифузија и Националната Радио Телевизија.

Имајќи го предвид членот 5 за финансирање на МРТ од Законот за аудио и аудиовоизуелни медиумски услуги, средства од буџетот се распоредуваат на тој начин што од 900.000.000 денари колку што се планинари за следната година 74,5 отсто од парите ќе бидат наменети за Македонска радио телевизија за покривање на трошоци за создавање и емитување на програмите и за техничко-технолошки развој, 19,5 отсто за ЈП Македонска радиодифузија за одржување, употреба и развој на јавната радиодифузна мрежа и 6 отсто за Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Од друга страна, МРТ во Предлог-годишната програма за работа за 2021 година, во делот на финансискиот план, очекуваше да добие финансиски средства во износ од еден отсто од реализираните вкупни приходи на државниот буџет за годинава, односно планираше да добие средства во ист обем како и годинава и лани.

Мета го контактираше, но не доби одговор од директорот на МРТ, Марјан Цветковски кого преку СМС порака го прашавме, што ќе значи намалувањето на буџетот од 3,6 милиони евра за работата на јавниот сервис.

На дебатата за финансирање, управување и регулирање на јавниот сервис која се одржа пред неколку месеци, Цветковски истакна дека „во 2020 година, поради непочитување на законски утврдената рамка, МРТ работи со 13 милиони евра помалку.“

Приходите на јавниот радиодифузен сервис опаѓале изминативе пет години, при што лани истите биле намалени за околу 5,7 милиони евра во споредба со 2015 година.

 

Текстот е изработен во рамки на проектот „Опсерваторија на медиумските реформи“, што го спроведува Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“, со финансиска поддршка на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Содржината на текстот е единствена одговорност на авторите и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на „Фондацијата Отворено општество – Македонија“.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег

СТУДЕН ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА: Од овој петок, како и за време на викендот, многу дожд, снег и голема снежна покривка од над 50 сантиметри

Александар Димитријевиќ нов генерален секретар на СДСМ, еве кои се потпретседатели