Златан Ибрахимовќ има 39 години, но тој е клучниот човек за добрите резултати што ги постигнува Милан оваа сезона.
Ибрахимовиќ, пред една година се врати на „Сан Сиро“, откако две години го носеше дресот на Лос Анџелес Галакси.
Во кариерата овој напаѓач бил играч на Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер јунајтед. Неговиот менаџер, Мино Рајола, смета дека единствената грешка што ја направил неговиот клиент во кариерата е што прифатил да оди преку океанот, во САД.
„Замина таму бидејќи сакаше со семејството да живее во Лос Анџелес. Спортскиот момент беше катастрофа. Златан секогаш сака да победува, во фудбалот и во .-игрите. Неговите соиграчи во тој клуб го немаа неговиот менталитет, не беа гладни да победуваат, како што беше тој“, рекол Рајола.
Контроверзниот менаџер дополнил дека каде и да игра Ибрахимовиќ поставува високи стандарди, а ко пример за тоа го посочил Милан. Славниот клуб по осум кола е лидер на табелата во Серија А.
> Ибрахимовиќ згреши кога потпиша со ЛА Галакси <