Утрински Весник
Свет

(Видео) Кина се обидела да прикрие уште нешто – цел персонал на аеродром на тестирање

(Видео) Кина се обидела да прикрие уште нешто – цел персонал на аеродром на тестирање

Голем број позитивни случаи на Ковид-19 на шангајскиот аеродром предизвика масовни тестирања на илјадници луѓе.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, кинеските власти во неделата побарале целиот персонал на аеродромот да дојде на тестирање. Но, на официјалните фотографии било прикажано дека се тече според најдобар ред, додека вистината била поинаква.

На видео снимките, оние кои властите се уште не успеале да ги избришат, се гледа вистинската состојба – службениците во заштитни одела викаат на луѓето кои се стиснати едни во други и ги тераат во ограничен простор каде се спроведува тестирањето.

Како што пренесува Би-би-си, тестирани се 16.000 луѓе.

Според кинескиот весник „Глобал тајмс“, масовното тестирање започнало во неделата попладне, откако неколку работници и нивните блиски контакти добиле позитивен тест за коронавирус.

Шангај пријави најмалку седум локални случаи од 9 ноември, главно поврзани со аеродромот, откако градот беше ослободен од ново потврдени инфекции за пет месеци.

Кинеската новинска агенција „Синхуа“ пишува дека сите вработени сега ќе мора редовно да се тестираат, а вакцини ќе добијат и оние кои работат на ризични работни места.

Иако ниту една кинеска вакцина сè уште не е целосно одобрена, некои, како медицинскиот персонал, веќе ја примиле дозата.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русија го подготвува ракетниот систем „Сармат“ за оперативна готовност

На Германија годишно и се потребни 288.000 странски работници

Долниот дом на Парламентот во Австралија го усвои предлог-законот за забрана за користење на социјалните мрежи за деца под 16 години