Утрински Весник
Економија

(Видео) Митрески: Со буџетот за 2021 економијата и здравството се во нашиот фокус

(Видео) Митрески: Со буџетот за 2021 економијата и здравството се во нашиот фокус

Предлог Буџетот кој денеска влегува во собраниска процедура е континуитет на одговорните политики на Владата, рече денеска Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Како што рече тој, предлогот предвидува ште посилна поддршка на здравствениот систем и уште поголема помош за домашната македонска економија.

„Владата предводена од СДСМ праќа јасна порака дека помошта за економијата, помошта за спас на работните места, поддршката на најранливите категории, но и поддршката за јавното здравство продолжуваат уште повеќе и во следната 2021 година“, посочи претставникот на владејачката партија.

Како што рече Митрески, предлог Буџетот за 2021 година пред себе има три клучни цели:

– Да обезбеди поддршка и унапредување на здравствениот сектор, пред се заштита на здравјето и на животот на сите граѓани;
– Да го поддржи економското заздравување, односно да се помогнат сите оние микро, мали, средни и големи компании, кои имаат потреба од помош во справувањето со последиците од пандемијата;
– Да се одржат и унапредат основните функции на државата и да овозможиме ефикасно спроведување на потребните реформи.

„Со Буџетот за 2021 година обезбедуваме одржливост но и можности за побрзо надминување на негативните последици од коронакризата. Затоа е важно сите пратеници, низ отворена, инклузивна и транспарентна дебата овде во Собранието, да дадат поддршка и Буџетот за 2021 година да биде усвоен“, нагласи Митрески.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2026 година

Употребата на дигиталните канали за плаќања на граѓаните бележи раст и во првиот квартал од 2026 година

И Здравје и работа: Повиците на активистите за меѓународна арбитража за „Иловица – Штука“ се неодговорни – цената ќе ја платиме сите