Утрински Весник
Македонија

Околу 170 слободни кревети во ковид-центрите низ земјата

Околу 170 слободни кревети во ковид-центрите низ земјата

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 821 пациент позитивeн и суспектен на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

„Во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 109 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 111 пациенти, во Прилеп 104, во ковид-центарот во Гостивар 45, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 87 пацинети, во Кочани 26, во Кичево 18, Кавадарци 39, а во Гевгелија 10 лица позитивни на коронавирусот“, се наведува во извештајот на болниците, а Министерството напоменува дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.291 и има околу 170 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Аца Лукас: Целата акција беше лично насочена кон мене – додека овие луѓе се на власт, нема да настапувам во Македонија

Ако живеете во поплавено подрачје превријте ја водата за пиење 10 минути, фрлете ја храната што дошла во допир со поплавата – ИЈЗ со препораки до граѓаните

Ограбена сендвичара на Бит Пазар – украдени пари од касата