Утрински Весник
Свет

Бајден ќе го постави Ентони Блинкен за американски државен секретар

Бајден ќе го постави Ентони Блинкен за американски државен секретар
Dik 300x250 mk

Избраниот американски претседател, Џо Бајден, се очекува да го назначи дипломатот Ентони Блинкен за државен секретар, објавија повеќе американски медиуми.

Блинкен (58) е еден од главните советници за надворешна политика на Бајден и беше број два во Стејт департментот за време на претседателот Барак Обама, кога Бајден беше потпретседател на Соединетите Американски Држави.

Според Њујорк Тајмс и агенцијата Блумберг, избраниот претседател планира да ја објави номинацијата за Блинкен во вторник.

Со тоа, Блинкен кој важи за голем поддржувач на мултилатерализмот, би го наследил Мајк Помпео, државниот секретар на сегашниот претседател, Доналд Трамп.

Бајден најверојатно ќе ги номинира своите кандидати за членови на владата во групи насочени кон одредени области, како што се економијата, националната безбедност или јавното здравство, пренесува агенцијата АП.

Советниците на избраниот претседател изјавија дека Бајден ќе ги соопшти првите предлози за членови на неговата идна влада во вторник.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Средба на Трамп со лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан

Акционерите на „Тесла“ одобрија пакет за компензација од еден трилион долари за Маск

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина