Утрински Весник
Политички Партии

Мицкоски на средба со новоназначениот француски амбасадор

Мицкоски на средба со новоназначениот француски амбасадор

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со новонименуваниот француски амбасадор Силир Бомгартнер на која Мицкоски му посака добредојде и му посака плодотворна работа во земјава.

На средбата на која учествувале и партискиот потпретседател Александар Николски и Игор Николов се разговарало за актуелната политичка, економска, како и здравствена состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19.

Новиот француски амбасадор Бомгартнер бил запознаен со последиците од корона-кризата со кои се соочува земјава на здравствен и економски план, а станало збор и за бугарското вето на патот на Македонија кон ЕУ.

Мицкоски упатил благодарност за континуираната поддршка што Франција и ја дава на Македонија во процесот на интеграција во ЕУ.

Тој го информирал новиот француски амбасадор дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република Македонија на прав пат, како и ќе имаат позитивно влијание на членството во Европската унија.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт