Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Чешкиот парламент го поддржа продолжувањето на вонредната состојба до 12 декември

Чешкиот парламент го поддржа продолжувањето на вонредната состојба до 12 декември
Img 7972

Долниот дом на чешкиот парламент го поддржа владиниот предлог за продолжување на вонредната состојба до 12 декември поради пандемијата на коронавирус.

Вонредната состојба е правна основа за некои владини мерки насочени кон забавување на ширењето на инфекцијата, како што се ограничување на собири, привремено ограничување на деловната активност и ноќен полициски час.

Чешка, една од најтешко погодените земји од пандемијата на коронавирус, објави 5.515 нови случаи на инфекција, соопшти Министерството за здравство.

Министерството објави дека починале уште 66 лица, односно вкупно 6.740, објави „Ројтерс“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари