Утрински Весник
Свет

Напад со нож во Германија, неколку лица се повредени

Напад со нож во Германија, неколку лица се повредени

Неколку лица се повредени синоќа во напад со нож во западниот германски град Оберхаузен, јавуваат германските медиуми. Осомниченит е уапсен, пренесува Ројтерс.

Германскиот протал WAZ наведува дека повредените се во критична состојба и се на интензивна нега.
Напаѓачот е повреден и хоспитализиран.

Портпаролот на полицијата Кристоф Викхорст не даде информации за мотивите на злосторството.Тој потврди дека повредените во нападот имале рани од нож.Полицијата во Оберхаузен побара помош од колегите од Есен за да се обезбеди местото на злосторството.Истрагата е во тек.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Словенија воведува помалку работни часови

Зеленски предупредува: Русија подготвува нови масовни напади врз Украина

Тер Штеген пред заминување од Барселона, блиску до трансфер во Џирона