Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Во Австралија започна најстрогиот карантин, денес не е регистриран ниеден новозаразен

Во Австралија започна најстрогиот карантин, денес не е регистриран ниеден новозаразен
Img 7972

Денес започна едно од најсилните затворања на Австралија, владата ги забрани сите собири на отворено, вклучително и свадби, погреби, испораки на храна.Надлежните велат дека целта е навремено да се запре почетокот на ширењето на коронавирусот во државата Јужна Австралија.

Фотографиите на социјалните мрежи ги покажуваат празните улици на Аделаида, главниот град на Јужна Австралија.

Жителите побрзаа во продавниците ден претходно за да набават намирници, објави „Ројтерс“.

Земјата со 1,8 милиони жители забележа 23 нови случаи откако неодамна се појави ново жариште.

Нема пријавено нови случаи во четвртокот, но 3.200 лица се во карантин, бидејќи биле во контакт со заразени, изјави Никола Спуриер, шеф на австралиската здравствена служба.

Властите воведоа шестдневен карантин, додека државниот премиер објасни дека засилените мерки се должат на патникот кој се вратил од Велика Британија.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари