Специјално шоу, насловено „Меџикал кристмас спешл на Мараја Кери“, ќе биде премиерно прикажано на „Епл ТВ-плус“ на 4 декември, а во него ќе гостуваат голем селебрити личности , вклучувајќи ги Тифани Хадиш, Били Ајхнер, Аријана Гранде, Џенифер Хадсон, Снуп Дог, Џермејн Дупри, Мисти Копленд, Микал -Мишел Харис, па дури и близнаците на Мараја, Марокан и Монро.
Специјалната емисија на „Епл ТВ-плус“ следи приказна за криза на Северниот пол, а за помош таму се упатува омилената помошничка на Дедо Мраз – Мараја Кери.
И потоа, „неспорната Божиќна кралица“ мора да се вклучи за да го спаси денот, со помош на нејзините специјални гости.