Утрински Весник
Свет

(Видео) Иран активираше голем воен брод како одговор на заканите на САД

(Видео) Иран активираше голем воен брод како одговор на заканите на САД

Иранската елитна револуционерна гарда објави дека активирала голем воен брод што може да носи хеликоптери, беспилотни летала и ракетни фрлачи во услови на тензии со САД кои се опишани како заканувачки.

На фотографиите на бродот, именуван по убиениот командант Абдула Рудаки, се гледа камион кој пренесува ракети земја-земја и воени ракети, пренесува АП.

Гардата објави дека бродот е долг 150 метри, што е за половина помалку од американскиот носач на авиони од класата „Нимиц“, долг 332 метри. Иранскиот брод нема писта, но има хелиодром.

АП додава дека Гардата обично ја опфаќа областа во Персискиот Залив, додека иранската морнарица патролира во Оманскиот Залив, па и пошироко.

АП заклучува дека бродот се чини дека е одговор на патролирањето на американски бродови во регионот, што Иран го смета за закана, како и на зголеменото присуство на Израел во регионот.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна

Путин најави реципрочни мерки доколку ЕУ почне да конфискува руски бродови од „флотата во сенка“

Американците должат 1,26 билиони долари на кредитни картички