Германскиот филм „Разврска“ со популарните актери Луис Хофман и Оливер Масучи (познати од серијата „Темнина“ на „Нетфликс“ ) од денеска е на репертоарот на киното „Милениум“ во Скопје во терминот од 16.30 часот.
Станува збор за адреналинска трилер-драма снимена во диви планински предели. Филмот е целосно снимен со три GoPro камери прикачени на двајцата главни актери, и практично се „вткаени“ во драматургијата на филмот.
Филмот во режија на Рик Остерман беше дел од натпреварувачката програма на дебитантски филмови на Интернационалниот филмски фестивал „Црни ноќи“ во Талин.
На 25 и 26 месецов „Разврска“ ќе биде прикажан и во Кинотеката на Северна Македонија.