Утрински Весник
Македонија

Шахпаска: Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на правата и услугите за лицата со попреченост

Шахпаска: Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на правата и услугите за лицата со попреченост

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со претставници од Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост во Република Северна Македонија.

На почетокот на средбата, Шахпаска истакна дека Министерството за труд и социјална политика продолжува со имплементацијата на социјалната реформа, унапредување на правата и развојот на социјални услуги за лица со попреченост, како и дека од Буџетот на Министерството за 2021 година најмногу средства се предвидени за социјалните трансфери.

„Денеска потпишавме 10 нови договори за грантови за развој на социјални услуги со општините, а до крајот на годинава имаме уште седум , тоа се вкупно 24 Договори за грант, услуги преку кои лицата со попреченост ќе добиваат помош и нега во својот дом, во своето место на живеење. Овој проект продолжува, односно општините кои не аплицирале оваа, можат да го направат следната година“, министерката Шахпаска.

На средбата се разговараше и за процесот на деинституционализација, кој претставува еден од главните приоритети на Министерството за труд и социјална политика. Преместувањето на лицата со попреченост од гломазните институции во групни домови е процес кој продолжува.

Како мошне важна од страна на Националното координативно тело беше посочена и функционална проценка и поддршка на деца и млади каде што се применува нов модел на проценка на децата со попреченост-МКФ. Новиот модел овозможува анализа на потенцијалот на детето и што тоа може да постигне, но и кои се пречките во средината кои му создаваат бариери, да го постигне својот целосен потенцијал.​

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница