Утрински Весник
Македонија

Димитров: Македонскиот јазик и идентитет не можат да бидат пречка за интеграција

Димитров: Македонскиот јазик и идентитет не можат да бидат пречка за интеграција

Македонскиот јазик и идентитет не може да бидат пречка за интеграција со Унија чија културна и јазична различност е вредност што треба да се почитува согласно Лисабонскиот договор. Ова го истакна вицепремиерот задолжен за европски прашања, Никола Димитров, кој денеска оствари прва средба со новоименуваниот амбасадор на Република Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри.

Димитров рече дека македонскиот јазик не може да биде пречка за добрососедски односи базирани на заемна почит и посочи дека ќе продолжиме со обидите да бараме достоинствено решение, почитувајќи го нашето право на самоопределување, во рамките на европските принципи.

„Европските интеграции не треба да бидат во заложништво на билатерални прашања. Истовремено, европеизацијата на нашето општество, останува клучна цел на Владата. Реформите ќе продолжат бидејќи вистинската цел на пристапниот процес всушност е токму европеизацијата, внесувањето на европските стандарди дома. Во тој процес секоја помош од нашите пријатели ќе биде добредојдена“, потенцираше Димитров за верме на средбата.

Посакувајќи му успех на амбасадорот Силвестри во извршувањето на неговиот мандат, вицепремиерот Димитров изрази задоволство од билатерелната соработка и уверување за нејзино понатамошно продлабочување. Од италијанска страна беше реафирмирана силната поддршка за нашата европска интеграција.​

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кочани не заборава – продолжува маршот за жртвите од „Пулс“

Жално е што Црвенковски не е во политиката вели Дамјановски

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период