Утрински Весник
Магазин

Доли Партон има важна улога во битката против Ковид-19

Доли Партон има важна улога во битката против Ковид-19

Донацијата од милион американски долари на пејачката Доли Партон за истражување на вакцини има важна улога во битката против Ковид, велат американски истражувачи, цитирани од британскиот јавен сервис Би-би-си.

Во април, Партон објави дека парите ги донира на Медицинскиот центар на универзитетот Вандербилт во Нешвил. Тоа беше едно од пробните места за вакцината на „Модерна“, што е речиси 95% ефикасна, според раните податоци.

Би-би-си го цитира портпаролот на Вандербилт кој изјавил дека „дарежливиот подарок на Партон им помага на неколку ветувачки иницијативи за истражување“.

Дел од средствата на Партон била наменети за финансирање на рано испитување на вакцината на компанијата „Модерна“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Фолксваген повлекува четири милиони возила поради можен проблем со управувањето

Андора нуди плата од околу 3.000 евра за странски работници

Левица: Клеветите на Филипче и Мицкоски не ја менуваат позицијата на Левица – ниту го бришат нивното минато и денешната реалност во Македонија