Утрински Весник
Економија

Државата ќе се задолжи за проектот „Брз автобуски превоз во Град Скопје“

Државата ќе се задолжи за проектот „Брз автобуски превоз во Град Скопје“

Владата го утврди текстот на предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“.

Проектот „Воведување на брз автобуски превоз во Град Скопје“ опфаќа воспоставување на две линии за брз автобуски превоз со коридори кои се резервирани само за автобусите, со цел подобрување на квалитетот на превозните услуги на патниците во правец „исток – центар – запад“ и „југ – центар- север“, намалување на времетраењето на превозот на патниците, подобар пристап и користење на превозните услуги и за намалување на загадувањето на воздухот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

„Големи правила за мали бизниси: дали е време за поедноставно сметководство?” тркалезна маса по повод Меѓународниот ден на сметководството

Статистиката предупредува: Рударството бележи пад од 7,7%, потребен е нов пристап

Од полноќ големо намалување на цените на горивата