Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Откажан е дуелот Швајцарија – Украина, 6 фудбалери имаат коронавирус

Откажан е дуелот Швајцарија – Украина, 6 фудбалери имаат коронавирус
Img 7972

Мечот од последното шесто коло од А лигата во Лигата на нации меѓу Швајцарија и Украина кој требаше да се одигра вечерва од 20.45 е откажан. Причина се проблемите со вирусот Ковид 19. Ова е второ откажување на меч од Лигата на нации по дуелот Романија – Норвешка, и тоа поради опасниот вирус.

Здравствените проблеми кај гостинската селекција го оневозможија одигрувањето на мечот во Луцерн. Дури 6 фудбалери во селекцијата на Украина биле позитивни на коронавирус, па целата делегација била сместена во изолација, по налог на швајцарските здравствени власти.

Инаку овој меч требаше директно да одлучува за тоа која селекција ќе избори опстанок во Лига А, па поради тоа ќе биде интересно да се види одлуката на УЕФА за тоа кога и дали воопшто ќе биде одигран овој дуел.

Доколку Европската куќа на фудбалот одлучи победата службено со 3-0 да и припадне на Швајцарија, тогаш Украина ќе мора да се пресели во Лига Б.

> Откажан е дуелот Швајцарија – Украина, 6 фудбалери имаат коронавирус <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица