Во издание на Издавачки центар ТРИ неодамна излезе од печат „Јаничари“, новиот роман на академик Луан Старова.
Тој спаѓа во оние писатели чиишто дела се обележани од една тематска доследност што може да се изрази само со еден збор.
Во неговиот опус тој збор е емиграција. Во најновиот роман, дваесетта книга од Балканската сага, авторот продолжува да ја следи емигрантската судбина на семејството Старова, која трае од крајот на 19 век практично до денес, во една широка историска рамка од балканските простори.
Од судбина на едно семејство, темата за јаничарството станува нов клуч за објаснување на балканските судбини. Збогатувајќи го светот на својата сага, авторот му поставува нови прашања на нашето време и во името на тие што заминале и на тие што ќе дојдат.
Во својот најнов роман „Јаничари“ од Балканската сага, која француската книжевна критика ја вбројува во редот на големите европски романи, Луан Старова третира една трајно актуелна проблематика потпирајќи се врз силната ерудиција и романескната драматургија што ја носат двајцата главни ликови.
Тие се понесени од идејата вистински толкувајќи го јаничарството во сите појавни облици и во различни времиња, да придонесат за спасување на своите потомци, кои остануваат чувари на идентитетот на својот народ, чувари на човештвото.
Богатиот книжевен опус академик Луан Старова го надоврзува на својата кариера како долгогодишен универзитетски професор по француска книжевност.
За неговите книжевни дела пишувале Едгар Морен, Морис Дрион, Ален Боске, Василис Василикос, Предраг Матвејевиќ и други.
Добитник е на повеќе домашни и странски книжевни награди и признанија. Неговите последни романи од Балканската сага – Враќањето на козите, Граница, Цариградски емигранти Јаничарисе објавени од Издавачки центар ТРИ.