Утрински Весник
Култура

Познати добитниците на државната награда ,,22 Ноември“

Познати добитниците на државната награда ,,22 Ноември“

Одборот за доделување на државната награда ,,22 Ноември“ ги прогласи добитниците на ова признание за 2020 година, кое се доделува на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот кои дале свој придонес во унапредување на соживотот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Македонија.

Годинава наградата ќе им биде врачена на албанологот, проф. д-р Џеват Лоши и книжевниот критичар, акад. Али Алиу.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 22 ноември (недела) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.

22 ноември се одбележува како Ден на албанската азбука, бидејќи на тој датум во 1908 година албански интелектуалци од Балканот, на битолскиот конгрес ја унифицирале албанската азбука.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“