Утрински Весник
Свет

Силен земјотрес во Суматра

Силен земјотрес во Суматра

Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран недалеку од брегот на индонезиската провинција Западна Суматра. Според Службата за метеорологија, климатологија и геофизика на таа земја, епицентарот на земјотресот бил на 100 километри од копното на длабочина од 10 километри.

Не е издадено предупредување за цунами, пренесува Ројтерс. Евро-медитеранскиот центар првично објави дека јачината на земјотресот е 6,2 степени, но подоцна ја намали јачината на 5,8 степени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Патници чекаат и по 7 часа на пасошка контрола низ Европа

Иранскиот и рускиот министер за надворешни работи разговараа за прекин на огнот и Ормутскиот теснец

Најмалку 303 лица во Либан загинаа во израелските напади во среда