Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Џафери предлага дополнувања на Деловникот за Собранието да може да заседава онлајн

Виртуелна средба на Џафери со поранешни пратеници од Европскиот парламент
300x250 opst2

Претседателот на Собранието, Талат Џафери поднесе предлог за измени на собранискиот деловник со кои ќе биде овозможено Собранието да работи далечински. Измените се по скратена постапка и се во насока на овозможување непречена работа на законодавниот дом, велат во соопштението од собраниската прес-служба.

„Имајќи ја во предвид новонастанатата состојба предизвикана од коронавирусот, поаѓајќи од уставно загарантираната функција на Собранието на Република Северна Македонија како претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката, кој својата организација и функционирање ги уредува во согласност со Уставот и Деловникот, потребно е одредбите од Деловникот на Собранието да се усогласат спрема новонастанатата здравствена состојба.

Предложените измени се токму во насока на постигнување на таа цел односно, непречено работење на Собранието со овозможување на далечинска односно електронска работа на пратениците со електронско присуство на седниците на Собранието и работните тела а во исто време овозможување на остварување на претставничката функција“, стои во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места