Утрински Весник
Свет

Јанша ќе му честита на Бајден кога Трамп ќе го признае поразот

Јанша му честита победа на Трамп иако сè уште нема резултати од гласањето

Словенечкиот премиер, Јанез Јанша, кој го поздрави успехот на Доналд Трамп на изборите во САД веднаш по гласањето, денеска во парламентот рече дека ќе му честита на идниот претседател на САД само кога резултатот од изборите ќе биде конечен и официјален.

Јанша ги отфрли критиките од пратениците од опозицијата дека со својата поддршка за Доналд Трамп, кој ги изгуби изборите, направил „дипломатска катастрофа“ за Словенија и дека новата американска администрација ќе ја игнорира неговата влада.

„Изборите се завршени кога другата страна ќе го признае поразот или кога ќе бидат објавени официјални резултати, а сè што е кажано пред тоа е политика“, рече Јанша.

Тој додаде дека со задоволство ќе му честита на победникот на изборите кога ќе дојде време

„Словенија негува добри стратешки и партнерски односи со САД, без оглед на тоа која администрација е на власт, тоа беше случај во сите влади што ги водев и така ќе остане и во иднина“, рече Јанша, додавајќи дека времето ќе покаже кој бил во право и дека неговите твитови за поддршка на Трамп нема да влијаат на односите со Соединетите Американски Држави.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Осумгодишно девојче и нејзиниот татко се тешко ранети во престрелка во Лондон

Путин забрани посвојување руски деца од граѓани на земји каде промената на полот е законски дозволена

Се урна авион во Костарика: петмина мртви, една жена се бори за живот