Утрински Весник
Македонија

Шахпаска: Продолжува поддршката од ИПА фондовите за реформите во областа на вработувањето и социјалните политики

Шахпаска: Продолжува поддршката од ИПА фондовите за реформите во областа на вработувањето и социјалните политики

Како и за целиот свет и за нас како држава оваа година 2020 е година на предизвици и за здравствената и општата благосостојба на граѓаните и економската состојба на сите држави, рече министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, која учествуваше на видео конференција на секторската работна група „Образование, вработувања и социјалните политики и Интеграција на Ромите“, а на која учество земаа и министерката за образование Мила Царовска, Никола Бертолини, шеф на одделот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Скопје, претставници од донаторската заедница и граѓанскиот сектор.

„ Раст на невработеноста, односно губење на работните места на околу 17.690 лица, само за време на вториот квартал на годината, каде најпогодени се вработените од неформалната економија, самовработените и други лица кои се дел од ранливите категории се на најголем удар на пандемијата која носи ризик и нивно втурнување во поголема сиромаштија, истакна министерката Шахпаска .
Таа посочи дека состојбата би била многу полоша доколку Владата не преземеше итни мерки кои значеа полесно премостување на кризата од КОВИД 19. Тука се вклучени финансиската поддршка на најпогодените компании и граѓани.

„ Кризата потврди и дека Северна Македонија има социјална заштита која дава резултати, преку мерките за невработените лица, олеснување на пристапот на Гарантирана минимална помош која директно влијаеше и во борбата против детската сиромаштија. Четвртиот пакет економски мерки вреден 27 милиони евра е наменет токму за најранливите категории на граѓани,“истакна министерката Шахпаска.
Од страна на Агенцијата за вработување која продолжи со реализација на Оперативниот план за активни програми за вработување и мерки, одговори на предизвиците предизвикани од КОВИД 19 со проширување на опфатот на корисницитево мерките кои значат директна поддршка за стопанството и вклучување на посебни мерки што ги таргетираат лицата најпогодени од кризата предизвикана од пандемијата.

Имплементација на Младинската гаранција е во тек, односно регистрирани се 19.000 млади лица, од кои 31% или се вработиле или се вклучиле во активна мерка за вработување.

Министерката Шахпаска се осврна и на реформите во социјалната и детска заштита, односно проширување на видот на социјалните услуги и нивно доближување до граѓаните во заедницата, но и вложување во раниот детски развој и образование преку проширување на капацитетите во градинките со поголем опфат на деца во нив.

„Како еден од приоритетите на Владата и Министерството за труд и социјална политика е и обезбедувањето на еднакви можности и заштита на граѓаните во државата. Оттука и новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација за кој се очекува и наскоро назначување и на Комисија за спречување и заштита од дискриминација,“истакна Шахпаска.

Таа посочи и дека наскоро се очекува поддршка од Собранието и за Законот за превенција од насилство врз жената и семејно насилство кој беше усвоен од Владата и се базира врз Истанбулската конвенција ратификувана во нашата држава.

Таа ја истакна и вклученоста на земјава во Интернационалната иницијатива „ Декада на Ромите“, преку стратегии и програми за интеграција на Ромите во општеството. Нашата земја е прва во регионот која воведува механизам за мониторинг на успешноста на политиките за подобрување на состојбата на Ромите.

На крајот од обраќањето министерката Шахпаска го истакна значењето на европската помош и поддршка, вклучително и значењето на ИПА фондовите за периодот 2021 – 2027 година, во областа на образованието ,вработувањата и социјалната политика, вклучително и интеграцијата на Ромите.​

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца

До петок стабилно, потоа облачно со повремени врнежи од дожд