Утрински Весник
Култура

Групна изложба на 13. Скопје постер-фестивал

Групна изложба на 13. Скопје постер-фестивал

Во склоп на овогодишното 13. издание на Скопје постер-фестивал ќе бидат изложени плакати од 75 светски дизајнери, од 56 земји од целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија. Изложбата ќе биде поставена во Галерија МКЦ од 16 до 26 ноември.

Целата иницијатива се реализира во соработка со Poster Тerritory од Калифорнија, Чешката асоцијација за графички дизајн, Московското биенале и реномираниот дизајнер Мирко Илиќ од Њујорк – познат на нашата публика како еден од најинспиративните дизајнери и стрип-уметници од поранешна Југославија. Исто така ќе бидат претставени и студентски плакати, кои се приклучија на повикот на нашата иницијатива и, секако, заеднички ќе дадеме придонес во ширењето на мисијата и гласот на уметникот.

Дел од дизајнерите кои ќе бидат застапени се: Јоси Лемел (Израел), Мирко Илиќ (Њујорк), Хавиер Борбола (Куба), Адек Сапутра (Индонезија), Петре Поч (Унгарија), Тирсо Цезар (Италија), Кристофер Скот (Еквадор), Луис Ривера (Бразил), Ерин Брајт (САД), Роберт Јанг (Велика Британија), Небојша Гелевски и Лазе Трипков (Македонија), Хитоши Мјура (Јапонија) и др…

Согласно препораките на Комисијата за здравство и Министерството за здравство, посебен термин за отворање нема да има, а сите заинтересирани ќе може да ја посетат изложбата согласно препораките за почитување на мерките од Ковид-19, секој ден во период од 10 до 20 часот.

Проектот е поддржан од Министерството за култура.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“