Утрински Весник
Македонија

МОН го објави конкурсот за студентски стипендии

Владата го стави во мирување изборот на нов ректор на УКИМ поради корона вирусот

Министерството за образование и наука го објави конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти кои студираат на јавните и приватните универзитети во државата.

Новина во аплицирањето за студентски стипендии годинава е тоа што студентите за првпат можат да аплицираат електронски. Во конкурсот се наведува дека оние студенти кои немаат можност да се пријават електронски, треба да пополнат хартиена пријава и целосната документација да ја достават во Министерството за образование и наука, најдоцна до 30 ноември.

И годинава ќе бидат доделени стипендии во четири групи: редовни студенти од социјални категории (во износ од 3.300 денари месечно), студенти кои постигнале особено висок успех во учењето (од 4.400 до 6.050 денари месечно во зависност од програмата), студенти запишани на студиски програми на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и медицинските науки (од 3.300 до 18.000 денари месечно во зависност од програмата) и студенти кои се запишани во прва година на студиски програми за образование и наставен кадар во предучилишно, основно и средно образование (6.050 денари месечно).

Право да аплицираат за стипендија имаат сите студенти запишани на додипломски студии кои студираат на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи и кои ги исполнуваат дополнителните услови наведени за секоја од групите.

Списокот на студенти на кои им се доделува стипендија ќе биде објавен на 21 декември годинава.

Начинот на пријавување и потребните документи за аплицирање за стипендија во секоја од групите, детално се објаснети на веб страницата на МОН.

Министерството го објави и конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти Роми.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим