Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Привремениот перуански претседател поднесе оставка по смртта на двајца демонстранти

Привремениот перуански претседател поднесе оставка по смртта на двајца демонстранти
Img 7972

Привремениот претседател на Перу, Мануел Мерињо, најави оставка по помалку од една недела на функцијата откако на протестите во главниот град Лима за поддршка на неговиот контроверзен отповикан претходник две лица загинаа, а десетици се повредени, пренесува РТ.

„Поднесувам неотповиклива оставка“, рече Мерињо во телевизиското обраќање, додавајќи дека е време за мир и единство во земјата.

Повикот за негово итно разрешување беше поддржан од сите партии во Конгресот на Перу. Пратениците предупредија дека ќе започнат процедури за импичмент ако Мерињо се обиде да ја задржи власта.

Претходно во неделата, повеќе од половина од министрите во новиот кабинет ги напуштија своите позиции како реакција на избувнувањето на насилството.

Мерињо, кој претходно беше претседател на Конгресот, стана привремен лидер на Перу откако пратениците минатиот понеделник гласаа за смена на претседателот Мартин Визкара од функцијата поради обвинувањата за корупција, што тој ги негира.

Но, јавноста остана незадоволна од смената и стотици демонстранти се собраа во центарот на Лима во саботата.

Протестот започна мирно, но беше проследен со судири, по што народниот правобранител на Перу ја обвини полицијата за злоупотреба на сила и фрлање солзавец без оправдување.

Две лица беа убиени откако се здобија со прострелни рани во немирите. Повеќе од 60 други побарале хоспитализација поради повреди или вдишување солзавец.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Пронајдено е телото на еден од тројцата хрватски планинари изгубени во Словенечките Алпи: Потрагата е прекината до утре

Околу 1000 луѓе заглавени на падините на Монт Еверест поради снежна бура

Лавина во Словенија, исчезнати се тројца хрватски планинари