Утрински Весник
Македонија

МИОА подготвува нови закони за вработените во јавниот сектор и за административните службеници

МИОА подготвува нови закони за вработените во јавниот сектор и за административните службеници

Министерството за информатичко општество и администрација подготвува нови закони за вработените во јавниот сектор и за административни службеници за да се надминат проблемите кои се јавиле при имплементацијата на постоечките законски решенија кои беа донесени пред пет години.

„Постојниот Закон за вработените во јавниот сектор како прв закон со ваков опфат со кој се регулираа прашања од областа на работните односи во сите институции на јавниот сектор беше новина во правниот систем,а при неговото подготвување отсуствуваше практичното искуство во областите кои се предмет на регулирање. Законот воспостави нови стандарди во однос на управувањето со човечките ресурси во јавниот сектор. Но по петгодишна примена на законот на површина излегоа голем број на практични проблеми во имплементацијата, чие надминување е неопходно за доследна примена на законот и постигнување на целта поради која е донесен“, пишува во образложението за подготовката на предлог законот за вработените во јавниот сектор објавено преку Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР).

Во него се додава дека Министерството за информатичко општество и администрација имало намера да подготви измени и дополнувања на законот врз основа на практични забелешки од оние кои го применуваат законот.

„Но со оглед на фактот дека произлезе дека треба да се менуваат повеќе од 1/3 од постојните членови се пристапи кон подготовка на целосно нов закон,кој во основа е постоечкиот закон“, се вели во обрзаложението.

Слично е објаснувањето и за подготовката на новиот закон за административни службеници. Во него се вели дека постоечкиот закон вовел доста новини во однос на регулирањето на статусот и постапката за вработување на административните службеници, но дека е потребно ново законско решение за да се надминат практичните проблеми во имплементацијата на законските одредби.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел