Рафаел Надал имаше импресивна 6:3/6:4 победа над Русинот Андреј Рубљов, победувајќи во првото коло на АТП финалето во Лондон првпат од 2015 година и најавувајќи дека ќе оди по трофејот кој зачудувачки уште го нема во својата богата колекција.
Шампионот од Ролан Гарос, не се соочи со ниту една брејк топка против дебитантот на АТП финалето, за да биде на врвот на групата „Лондон 2020“ покрај Доминик Тим, кој претходно во три сета го совлада актуелниот шампион Стефанос Циципас.
Во следното коло следува вистинскио тест, кога Надал ќе излезе на терен против шампионот од Њујорк, Доминик Тим, додека утре своите натпревари ги почнува групата „Токио 1970“, каде што утре светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ почнува против Аргентинецот Диего Шварцман, пред во вечерниот термин, Александер Зверев да се судри со Данил Медведев.
Ruthless from Rafa ?
Perfect start to the 2020 #NittoATPFinals for @RafaelNadal, who beats Rublev 6-3 6-4 in London. pic.twitter.com/bp7dskJ3Jr
— Tennis TV (@TennisTV) November 15, 2020
> Надал не му даде шанса на дебитантот Рубљов <