Утрински Весник
Спорт

Енрике по двата утнати пенали на Рамос: Ќе шутираше и третпат ако требаше!

Енрике по двата утнати пенали на Рамос: Ќе шутираше и третпат ако требаше!

Шпанскиот селектор Луис Енрике застана во одбрана на капитенот Серхио Рамос, откако тој успеа да утне два пенали при 1:1 ремито со Швајцарија во меч од Лигата на нации во саботата, и тоа во меч во кој постави рекорд.

Вечерта кога го помина Џанлуиџи Буфон како фудбалерот со најмногу настапи за својата репрезентаицја во историјата на Европа, капитенот на Реал Мадрид немаше среќа од белата точка – швајцарскиот голман Јан Зомер му одбрани два пенали, откако претходно Рамос имаше 25 успешни пенали во низа. Жерард Морено ги спаси Шпанците од пораз во 89. минута во Базел. Енрике не е вознемирен.

„Односот на постигнати голови од пенал на Серхио Рамос е меѓу најдобрите. Ќе биде нефер да се тргне од листата на изведувачи само ако утне еден, два, три. Да имаше уште еден пенал, тој ќе шутираше. Серхио е на врвот“, изјави Енрике.

Рамос по својот 177. меч за Шпанија доби поддршка и од Жерард.

„Серхио е роден победник. Денеска не постигна два гола од пенал, но по толки мечеви, порази, победи, кој може да му се лути? Никој не е загрижен, ниту тој самиот“, вели Жерард.

> Енрике по двата утнати пенали на Рамос: Ќе шутираше и третпат ако требаше! <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност