Утрински Весник
Свет

Трудо ги предупреди граѓаните: Ако не намалите со дружењето, можеби нема да има прослави за Божиќ

Трудо ги предупреди граѓаните: Ако не намалите со дружењето, можеби нема да има прослави за Божиќ

По прославата на Денот на благодарноста минатиот месец во Канада, дошло до рекорден број на нови случаи на заразени со Ковид-19. Здравствените власти предупредија дека здравствениот систем не може да толерира повторување на ваквата состојба за Божиќ.

„Најважно е сега да се намалат собирите и дружењето што е можно повеќе. Нашите активности во наредните денови и недели ќе одредат како ќе изгледа Божиќ“, рече канадскиот премиер, Џастин Трудо на вчерашната прес-конференција.

„Кога се среќаваме со семејството, природно е да се опуштиме“.

Шефот на јавното здравство во Канада, докторката Тереза ​​Там, рече дека собирите се клучен извор на ширење на коронавирус во скоро сите делови на Канада, пишува Си-Ен-Ен.

„Една од главните причини за зголемениот број на зараза се’ уште се неформални социјални собири внатре и надвор од нашите домови. Кога се среќаваме со семејството, на родендени или празнични прослави, природно е да се опуштиме. Но, тоа исто така може да значи лесно заборавање на мерките и нивно непочитување“, рече Там.

Таа предупреди дека бројот на нови дневни случаи може да се удвои за само неколку недели доколку Канаѓаните не ги сфатат сериозно сите здравствени мерки.

Лекарите препорачуваат построги мерки

Во Канада, здравствените мерки се во надлежност на регионите, а неколку од нив, вклучително и Онтарио и Алберта, не сакаат да воведат построги ограничувања, бидејќи тоа може да и’ наштети на економијата.

Од друга страна, стотици лекари низ Канада предупредуваат дека само построги мерки или делумен карантин може да ги заштити канадските болници од катастрофа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија