Контроверзниот дански фудбалер, Никлас Бендтнер цели 10 години беше член на Арсенал, а никогаш не го искористи комплетно својот фудбалски капацитет. Во кариерата беше попознат по спектакуларните промашувања, за разлика од головите.
Сега со 32 години член е на дански четвртолигаш, тренира за да ја одржи физичката форма.
Бендтнер гостуваше на поткастот на ББС – „5 Live“ и зборуваше за интересни случки од кариерата. Тука раскажа и за случка од соблекувалната на Јувентус. Бендтнер вели дека во тоалетот ја затекнал половина екипа на „Старата дама“ како пушат цигари, а меѓу нив и Џанлуиџи Буфон и Андреа Пирло. Данецот во Јуве беше на позајмица во сезоната 2012/2013.
„Кога Балотели дојде во Англија сите зборуваа за тоа дека пуши цигари во тоалетот, и настана голема приказна, како тоа фудбалер може да пуши. Па во секој клуб во кој сум бил играчи пушеле. Само што во Италија тоа беше вообичаено, за разлика од Англија“ – рече Бендтнер.
Данецот се потсети и на првиот ден во Јувентус.
„Не можев да пронајдам никој од соиграчите и ми стана чудно. Тогаш пронајдов, 10, 12 играчи во тоалетот, како пијат кафе, разговараат и пушат цигари. За мене беше неверојатно“ – рече тој.
Кога водителот на подкастот му ги споменал имињата на Пирло и Буфон, Бендтнер се насмеа.
„Да, и што можеш да им речеш, кога ќе ги видиш нивните кариери, какви професионалци се, тоа навистина ми ги отвори очите. Нив никој ништо не им рече“ – рече данскиот фудбалер.
? Smoking is more common than you think amongst footballers…
Even Buffon and Pirlo were at it! ?*NEW* podcast: All about Nicklas Bendtner:
?⚽ https://t.co/eRPDTX25QJ pic.twitter.com/7uqIfUXhPN
— BBC 5 Live Sport (@5liveSport) November 13, 2020
> Бендтнер: Пирло и Буфон пушеа во тоалет и никој ништо не им рече <