Утрински Весник
Македонија

Заев на фон дер Лајен ѝ ги презентирал македонските позиции во разговорите со Бугарија

Заев на фон дер Лајен ѝ ги презентирал македонските позиции во разговорите со Бугарија

Премиерот Зоран Заев денеска имаше телефонски разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Во разговорот, на кој присуствуваа и заменикот-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи, премиерот изразил благодарност за пакетот за проширување и за позитивниот извештај на Европската комисија за нашата земја, со кои Брисел потврди дека Северна Македонија е подготвена за првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите со ЕУ, информираат од владината прес-служба.

Заев ја информирал претседателката на ЕК и за тековните разговори со Бугарија и ги презентирал позициите на Северна Македонија.

Фон дер Лајен истакнала дека Брисел очекува позитивно решение како заеднички остварен резултат на сите страни за успешна интеграција на Северна Македонија во ЕУ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Македонија е заеднички дом на сите нејзини граѓани

Кумановец им помагал на граѓани да вадат пари од банкомат па дел од кешот си го земал за себе

Мисајловски најави десет процентно зголемување на платите во Армијата и одбраната