Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Османи-Кофод: Данска останува силен поддржувач на евро – интегративните перспективи на Северна Македонија

Османи-Кофод: Данска останува силен поддржувач на евро – интегративните перспективи на Северна Македонија
300x250 opst2

Министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше видео средба со министерот за надворешни работи на Кралството Данска Јепе Кофод.

Главна тема на разговорот беа европските перспективи и очекувањата, до крајот на оваа година, да се одржи Првата меѓувладина конференција. Во таа смисла, министерот Османи ги поздрави заложбите на Данска за одржување на динамиката во процесот на проширување на ЕУ, според воспоставените критериуми и се заблагодари за принципиелната поддршка за евроатланската и европската перспектива на Република Северна Македонија.

Данскиот МНР Кофод ги поздрави остварените резултати на нашата Влада, со цел зајакнување на демократијата и владеење на правото, при што ја подвлече нужноста од континуирана и посветена имплементација на европските стандарди и реформските цели. Тој порача дека Данска останува силен поддржувач на евро – интегративните перспективи на Република Северна Македонија со верба дека наскоро и формално ќе отпочнат преговорите за пристапување во ЕУ.

На разговорот беа разгледани можностите за натамошно интензивирање на соработката имајќи ги предвид потенцијалите во повеќе сфери од заемен интерес, како и предизвиците за справување со пандемијата, нелегалната имиграција и актуелните состојби во Регионот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник

ЕВН на терен: Непланиран прекин на електрична енергија на превој „Стража“ и повеќе кичевски села