Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Тедрос: Трупањето вакцини ја продолжува пандемијата

Тедрос: Трупањето вакцини ја продолжува пандемијата
Img 7972

Праведен  пристап до вакцините ширум светот е во интерес на секоја земја, рече директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус и додаде дека трупањето на вакцини во некои земји може само да ја продолжи пандемијата.

„Национализмот поврзан со вакцинацијата ќе ја продолжи пандемијата, нема да ја скрати“, рече тој на Парискиот мировен форум, предупредувајќи дека вирусот ќе продолжи да се шири и економското закрепнување ќе се забави на глобално ниво, доколку луѓето во сиромашните земји не можат да се вакцинираат.

„Некои земји купуваат повеќе вакцини однапред, во количини двојно поголеми од бројот на жителите, што ја загрозува достапноста на вакцините во другите земји“, додаде Тедрос, пренесува „Хина“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Премиерот даде оставка само неколку часа откако го именува својот кабинет, падна француската влада

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј