Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто терапијата од приватните болници не ја добиваат и пациентите во државното здравство

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто терапијата од приватните болници не ја добиваат и пациентите во државното здравство
300x250 opst2

Министерот за здравство, Венко Филипче да одговори зошто терапијата за корона која ја добиваат пациентите во приватните болници, не ја добиваат и оние во државното здравство, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.

„И по девет месеци од корона кризата Филипче никако да се свести што се случува. Заклучно со вчерашната статистика на министерството за здравство 1238 семејства се завиени во црно. Свесен ли е Филипче дека тоа не е само бројка, станува збор за човечки животи. Црните рекорди на Филипче на ставија Македонија, во последниве две недели на високото петто место од вкупно 33 европски држави по стапката на смртност од Ковид – 19 на 100 илјади жители.

На неспособниот Филипче во фокусот му се неговите бизниси и бизнисите на Заев кој ја предводи владата. Во меѓувреме за граѓаните нема терапија, нема услови за лечење. Прашуваме зошто на заболените во јавните здравствени установи не им се дава терапија која ја има на приватните клиники за пари? Прашуваме зошто граѓаните собираат донации на Фејсбук за да се лекуваат во приватна клиника? Филипче девет месеци нема одговори за ништо. Токму затоа Филипче треба да замине од министерската функција. Филипче време е за одговорност“, порчува опозициската партија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

Ацевски: Две нови катни гаражи околу пазарот во Ѓорче – решаваме долгогодишен хаос со паркирањето

Филипче од Берово: За 4 години со СДСМ во Берово има над 100 развојни проекти