Утрински Весник
Свет

Волонтерите што ја примиле вакцината на „Фајзер“ имале чувство на тежок мамурлак

Германија: Вакцинација против коронавирус во првиот квартал од 2021 година

Волонтерите кои примиле вакцина против коронавирус на „Фајзер“, велат дека им оставила несакани ефекти, кои според новиот извештај потсетуваат на тежок мамурлак.

Извештаите за несакани ефекти предизвикани од вакцината, која досега се покажа како безбедна, доаѓаат неколку дена откако „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „Бајонтекс“ објавија дека вакцината е 90% ефикасна во спречување на коронавирус, а во исто време, се очекува производителите да побараат дозвола од САД за итна употреба овој месец.

За време на студијата, повеќе од 43.500 волонтери од шест земји не биле информирани дали примиле вакцина или плацебо, пренесува „Индипендент“.

Сепак, некои волонтери, наводно, изјавиле дека се убедени дека ја примиле вакцината поради одредени несакани ефекти што ги чувствувале како што се главоболка и болки во мускулите.

Според Глен Дашилдс (44) од Остин, Тексас, кој зборуваше со Здружението на новинари, неговите несакани ефекти беа слични на тежок мамурлак, но брзо исчезнале.

Тестот за антитела кај Дашилдс подоцна откри дека тој развил антитела кон вирусот, што го убедило дека ја примил вистинската вакцина.

Друга волонтерка, жена од Мисури (45) идентификувана како Кери, рече дека имала треска, главоболка и болки во телото по приемот на нејзината прва инјекција, што ја споредила со инјекција на грип затоа што дава несакани ефекти слични на грип. Симптомите, наводно, биле полоши откако добила втора инјекција.

Д-р Алберт Бурла, претседател и извршен директор на „Фајзер“, во понеделникот рече дека е одличен ден за науката и човештвото. „Првиот сет на резултати од нашето испитување за вакцини во третата фаза дава првични докази за способноста на нашата вакцина да спречи Ковид 19“, рече тој.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина