Утрински Весник
Свет

Претседателот на Аргентина и министрите во изолација

Претседателот на Аргентина и министрите во изолација

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез и неколку владини министри влегоа во самоизолација откако беа во контакт со службено лице заразено со коронавирус, соопшти денеска аргентинската влада.

Фернандез е тестиран негативен, но тој сепак ќе остане во самоизолација, се вели во соопштението.

Се додава дека министрите за внатрешни и надворешни работи, како и министерот за родова еднаквост, сè уште ги чекаат резултатите од тестот, пренесува „Ројтерс“.

Претседателот и министрите беа на состанок со секретарот на Претседателството за стратешки прашања, Густав Белис, кој беше позитивно тестиран.

Аргентина е меѓу најтешко погодените земји од коронавирус, со 1,27 милиони заразени и 34.531 смртни случаи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Седум лица загинаа во сообраќајка во Унгарија

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво во последните два месеци

Трамп ги откажа планираните воени напади против Иран поради напредок во преговорите