Утрински Весник
Свет

„Фајзер“ продаде над 80 проценти од своите вакцини на некои од најбогатите земји во светот

„Фајзер“ продаде над 80 проценти од своите вакцини на некои од најбогатите земји во светот

„Фајзер“ веќе продаде 82 проценти од своите залихи на вакцини на некои од најбогатите земји во светот, што предизвикува загриженост дека нема да има доволно дози за луѓе од посиромашните земји.

Фармацевтскиот гигант и неговиот германски партнер „БиоНтех“ планираат да произведат вкупно 1,3 милијарди дози во текот на 2021 година, но голем дел од вакцините веќе се нарачани од Велика Британија, Јапонија, САД и Европската унија.

Оние земји, кои купија стотици милиони дози, претставуваат само 14 проценти од глобалното население.

САД ќе добијат 600 милиони дози, Велика Британија 40 милиони дози, додека Јапонија и ЕУ обезбедија 120 милиони и 300 милиони вакцини, соодветно.

Анализата на продажбата ја спроведе групата за здравство и социјална правда со седиште во Велика Британија, „Глобал џастис нау“, која предупреди дека недостатокот на еднаков пристап до вакцините на „Фајзер“ им се заканува на многу животи ширум светот.

Посебна студија на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ покажува дека фер дистрибуција на вакцини против коронавирус би спречила 61 процент на смртни случаи на глобално ниво, а ако дозите прво биле споделени меѓу богатите земји, бројот на смртни случаи би се намалил за само 33 проценти.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Осмоодделенец со нож уби наставничка, повредени уште две лица

Стапи во сила забраната на САД за увоз од Канада во вредност од една милијарда долари

Иран се закани со напади врз енергетската инфраструктура по говор на Трамп