Утрински Весник
Свет

Девојката која во ковид-болницата во Белград ја сликаа полугола: Ми рекоа да се соблечам за ЕКГ

Девојката која во ковид-болницата во Белград ја сликаа полугола: Ми рекоа да се соблечам за ЕКГ

Фотографијата од жена која се преслекува во привремената ковид-болница во белградска Арена не е од безбедносните камери во објектот, туку е направена со телефон, изјави директорот на установата, Горан Грбовиќ. Тој додава дека Армијата и Министерството за внатрешни работи започнале истрага за тоа кој е авторот на фотографијата и како се појавила на социјалните мрежи.

„Имаме надзорни камери и надвор и внатре, но практично е невозможно да се направи фотографија од тие камери. Ова е направено со телефон, тоа е единственото нешто што го знам во моментот“, додаде Грбовиќ.

Тој е сигурен дека никој од здравствените работници и војниците не го сторил тоа, бидејќи, како што тврди, тешко е да се дише под заштитен костум, па на никому не би му паднало на памет да се занимава со такви работи, пишува „Блиц“.

„Тие луѓе се оптоварени со својата работа, давајќи терапија, во Арена има повеќе од 400 пациенти“, рече Грбовиќ.

Тој додава дека е познат профилот на „Инстаграм“ од кој се шири фотографијата.

„Сето ова е тешко за мене. Таа жена е нечија мајка, сестра. Сè ќе се открие многу брзо, преку истрагата. Почнаа истражните дејствија и сигурно ќе дојдеме до сторителот“, тврди тој.

„Курир“ објави дека станува збор за девојка заболена од Ковид-19, која имала пневмонија. Таа била фотографирана во моменти додека се преслекувала во нејзиниот оддел.

„Ми рекоа да се соблечам за да ми направат ЕКГ. Дали требаше да се вртам наоколу за да гледам дали има камери или телефони? Имав висока температура, секоја коска ме болеше и имав воспаление на белите дробиви“, изјавила девојката и додала дека човековите права и животот се загрозени со овој срамен чин.

„Некој ќе мора да одговора за ова. Не знам чиј пропуст е ова, луѓе од обезбедувањето на Арена или несовесни пациенти, но некој мора да одговара за тоа што ми е сторено. Виновникот мора да биде откриен за утре на мета на вакви болни умови да не се најде друга девојка, друг пациент“, вели девојката, додавајќи дека нејзините родители се исто така позитивни на вирусот.

„Се грижам за татко ми, тој се бори за својот живот во Земунската болница. Се грижам и за мајка ми, која исто така е заразена. И сега треба да гледам како моите фотографии кружат на социјалните мрежи. Срамота е колку далеку сме стигнале како луѓе и што прават поединци”, заклучува таа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Експлозија во рафинерија за нафта во Турција

Лами: Британија не испраќа војници во Украина

Осумгодишно девојче и нејзиниот татко се тешко ранети во престрелка во Лондон