Утрински Весник
Свет

Црна Гора: Oдложена седницата за изборот на нова Влада

Црна Гора: Oдложена седницата за изборот на нова Влада

Седницата на парламентот на која ќе се расправа за изборот на новата Влада на Црна Гора е одложена за 2 декември, соопшти денеска претседателот на Собранието, Алекса Бечиќ.

Бечиќ на „Твитер“ изјави дека, по денешните консултации и договори со шефовите на сите парламентарни клубови, било договорено седницата за измена на Деловникот за да се овозможи функционирање на Собранието во услови на епидемијата Ковид-19 да се одржи на 23 ноември, а седницата за избор на новата Влада на 2 декември.

Тој додаде дека, сакајќи да избегне, како што наведе, злоупотреби, поделби, несогласувања и оттргнување на вниманието од горливите прашања и изборот на нова Влада, тој е подготвен со секој чекор да придонесе за помирување, кохезија и гледање кон иднината, почитувајќи ги барањата и ставовите на опозиција.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Канада: Неколкумина повредени откако гризли мечка нападна деца од основно училиште

Мерц и Трамп телефонски разговараа за мировниот план на САД за Украина

Зеленски по телефонски разговор со Венс: Украина ќе работи на ниво на советници за развој на мировен план