Утрински Весник
Спорт

Ангеловски: Ако некој е заслужен што играме финале, тоа е Горан Пандев

Ангеловски: Ако некој е заслужен што играме финале, тоа е Горан Пандев

Македонската фудбалска репрезентација е во Тбилиси, Грузија каде фудбалерите денеска го имаат последниот тренинг пред утрешниот историски меч кој може да не одведе на Европско првенство, првпат од осамостојувањето на државата.

На „Динамо арена“ утре ќе се кршат копјата меѓу избраниците на македонскиот селектор Игор Ангеловски и неговиот колега кој ја предводи Грузија, Владимир Вајс.

Ангеловски на денешната задолжителна прес-конференција јавно му се заблагодари на капитенот Горан Пандев за се што стори за фудбалската селекција.

„Го респектирам Владимир Вајс, оствари големи резултати во минатото, одлично ја води Грузија, но и ние имаме зад себе добри резултати. Утре е нов натпревар, мора да има победник и се надевам дека на крајот ќе се радуваат моите фудбалери. Добро се познаваме меѓусебе, имавме можност да играме и да ги запознаеме квалитетите, затоа сигурен сум дека тактички ќе бидеме спремни. Ако е некој заслужен што утре играме финале, тоа е Горан Пандев – нашата фудбалска икона. Тој е нашиот најдобар фудбалер на сите времиња. Сакам јавно да му се заблагодарам“ рече селекторот Ангеловски.

Натпреварот се игра утре со почеток во 18 часот по македонско време, без присуство на публика.

> Ангеловски: Ако некој е заслужен што играме финале, тоа е Горан Пандев <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност