Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Поддршката на здравството ќе биде прв приоритет на Буџетот за 2021

21-годишно момче од Кавадарци почина од Ковид-19
300x250 opst2

Премиерот Зоран Заев вели дека новиот предлог буџет за 2021 година ќе биде буџет за економска стабилност и економски раст.

„Поддршка на здравствениот сектор е прв приоритет на Буџетот за 2021 година“, рече Заев.

Тој очекува враќање на економијата во предкризната состојба во втората половина од 2021 година.

„Оваа година ние се соочуваме со една од најголемите кризи во последното столетие. Економските статистики не се ништо посветли од тоа што се случува во здравствениот сектор“, рече министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Според Бесими, и во идните две години економијата ќе се соочува со предизвици како последица од пандемијата.

Тој најави ребаланс и во следната година, кој како што вели е очекуван поради состојбата на светско ниво.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Светска банка ги зголеми проекциите за Македонија: 3,1 отсто раст во 2025 година, 3 проценти во 2026 и 3 отсто во 2027

Пад на инфлацијата во септември во однос на претходниот месец за 0,2 отсто

Направени првите трансакции преку СЕПА, за гувернерот ова е историски ден за државата