Утрински Весник
Македонија

Нов земјотрес со јачина од 4,8 степени ја стресе Македонија

Нов земјотрес со јачина од 4,8 степени ја стресе Македонија

Нов земјотрес со магнитуда од 4.8 степени повторно ја стресе Македонија во 15:25 часот попладнево. Земјотресот е со епицентар во Кичево, според интернет сервисот „Earthquake“.

Ова е втор земјотрес по јачина, по утринскиот кој беше со магнитуда од 5.5. Попладневниот земјотрес беше почувствуван во повеќе градови низ државата, меѓу кои и Скопје.

Земјотресот од пет степени според Рихтервата скала, кој рано утрово се почувствува во земјава е нормална сеизмичка активност на раседот Дебар – Елбасан, а нови потреси, но со помал интензитет се сосема очекувани, вели за „Макфакс“ професорот Михаил Гаревски, директор на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени.

Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар по првиот најсилен земјотрес, во Македонија бележи уште четири земјотреси со јачина од 2,8 до 3,8 степени според Рихтер.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Тошковски: За запленетите 40 тони канабис има кривична пријава за 10 лица

Денеска дожд, а викендов ќе имаме променливо време

Тошковски предупреди: „Сејф Сити“ ќе казнува и на зелено – 45 евра ако ја блокирате раскрсницата