Утрински Весник
Свет

Рекордни 580 починати и 35 илјади новозаболени во Италија

Рекордни 580 починати и 35 илјади новозаболени во Италија

Во Италија за еден ден се регистрирани нови 35 илјади заболени од Ковид-19, а починале рекордни 580 луѓе во рок од 24 часа.

Уште од април, на врвот од првиот бран од пандемијата, немаше толку жртви од Ковид-19 во еден ден.

Индикаторот на брзината на ширење на заразата – РТ, во последните денови е стабилен, но уште е висок и зависно од регионите се движи помеѓу 1,5 и 2, што е случај во регионот Ломбардија.

Индикаторот РТ се пресметува врз основа на 21 параметар што ја покажува епидемиолошката состојба, а една зона се смета за безбедна од инфекција кога РТ е под 1.

Италијанските медиуми ги пренесуваат зборовите на претседателот на Високиот институт за здравство (ВИЗ), Силвио Брусаферо, кој тврди дека построгите владини мерки што се на сила од минатата недела ги даваат првите резултати.

Според него, клучот за запирање на ширењето на инфекцијата е индивидуалното однесување, односно придржување кон основните мерки за заштита: одржување на физичко растојание, избегнување на собири и лична хигиена.

Дневниот весник „Ил фато Котидијано“ пишува дека клиниките за интензивна нега, каде што во моментов има скоро 3.000 заразени пациенти, брзо се полнат.

Весникот ги цитира зборовите на директорот на болницата во градот Комо, кој тврди дека се на работ на издржливост, а болниците се пред колапс.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски назначи нов командант на копнената војска

Најголемиот електричен авион ќе полета следната година

Израелската армија објави дека цел на напад бил јужен Либан