Утрински Весник
Свет

Австриската влада усвои пакет мерки за борба против тероризмот

Австриската влада усвои пакет мерки за борба против тероризмот

Денес австриската влада усвои пакет мерки за борба против тероризмот, кој е насочен против терористите, односно лицата кои претставуваат опасност за општеството и земјата, како и против политичкиот ислам.

По завршувањето на сесијата, австрискиот канцелар Себастијан Курц на прес-конференција рече дека Австрија се соочи со ужасен терористички напад пред една недела и дека не е доволно само да се жали за жртвите, туку да се преземат мерки за да се спречат ваквите напади.

Во нападот пред една недела во Виена, што го изврши исламистичкиот терорист Кујтим Фејзулаи со потекло од Македонија, пукаше во луѓе и уби четири а рани повеќе од 20 луѓе.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Израел ги прогласи либанските територии јужно од реката Захрани за воена зона

Трамп: Ниту една држава нема да ја контролира Ормуска Теснина

Русија: Ако Ерменија го продолжи патот кон ЕУ, Ереван ќе плаќа поскапи енергенси