Утрински Весник
Свет

(Видео) Направен прецизен тродимензионален модел на коронавирус

(Видео) Направен прецизен тродимензионален модел на коронавирус

Научниците од Универзитетот за наука и технологија „Крал Абдула“ во Саудиска Арабија го направија најточниот тродимензионален модел на коронавирус.

Според веб-страницата на Универзитетот, за изработка на моделот се користени снимки направени со микроскоп и бази на податоци за протеини.

Според научниците, нивниот развој ја демонстрира модерната структура на вирусот САРС-КоВ-2 на атомско ниво и открива детали што не можеле да се видат порано.

„Нашиот модел ја покажува целосната ултраструктура на вирусот каков што го познаваме денес, а не само произволно поставени, нецелосни стапчести протеини на липидната мембрана“, рече еден од авторите на студијата, Нган Нгујен.

Научниците веруваат дека нивниот модел ќе овозможи истражување на претходно неистражените аспекти на вирусот и ќе го забрза создавањето лекови за Ковид-19, наведува „Спутник“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Најмалку шест лица загинаа во стампедо пред храм во Индија

Откако Израел прогласи „тактичка пауза“, пристигнаа 100 камиони со помош во Газа

Израел го приведе екипажот на хуманитарен брод, меѓу нив и пратенички од Франција