Утрински Весник
Свет

Борел: Важно е да се обезбеди примирје во Нагорно-Карабах

Борел: Важно е да се обезбеди примирје во Нагорно-Карабах

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Џозеп Борел го поздрави прекинот на воените дејства во и околу Нагорно-Карабах.

„Прекинот на огнот со посредство на Русија, кој беше договорен меѓу Ерменија и Азербејџан во понеделникот, ќе помогне да се спречи натамошно губење на животи и се надевам дека тоа е првиот чекор кон сеопфатно решение“, рече Борел.

Во писменото соопштение Џозеп Борел додава дека сега е потребно да се отворат преговори со цел да се обезбеди одржливост на договорот за примирје.

Тој наведува дека ЕУ го поддржува форматот на Минскaта група на ОБСЕ, чија цел е да се спроведе договорот за мирен и просперитетен развој на целиот регион на Јужен Кавказ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Иран нема да отстапи под притисок во нуклеарните преговори со САД

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за надворешни работи на Бугарија

Затруени повеќе од 100 бебиња во Европа од токсин во адаптирано млеко