Утрински Весник
Македонија

Османи и Захариева ќе ко-претседаваат со состанокот на шефовите на дипломатии во Берлинскиот процес

Османи и Захариева ќе ко-претседаваат со состанокот на шефовите на дипломатии во Берлинскиот процес
Dik 300x250 mk

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, заедно со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, денеска ќе ко-претседаваат со состанокот на шефовите на дипломатиите, кој се оддржува во рамките на заедничкото ко-претседателство со Берлинксиот процес.

Покрај министрите за надворешни работи на земјите кои учествуваат во Берлинскиот процес од Европската унија и Западниот Балкан, на состанокот ќе земат учество претставници на институциите на ЕУ и Советот за регионална соработка.

Во рамки на предвидени сесии, министрите за надворешни работи ќе имаат можност да ги споделат своите ставови и искуства во однос на предизвиците и можностите на Берлинскиот процес, креираните мерки со цел градење доверба и подобрување на регионалната соработка, вклучително и преку подобра поврзаност и мобилност меѓу луѓето од земјите на Западен Балкан, со посебен фокус на младите и граѓанското општество.

По завршување на состанокот, ќе се одржи и заедничка прес-конференција меѓу министрите Османи, Захариева и Мас.Во рамки на заедничкото претседателство, истиот ден се одржува и ТинкТенк Форум организиран од страна на Институтот за Демократија Социетас Цивилис – Скопје во соработка со Европскиот совет за надворешна политика (ECFR), од Софија. Во рамки на ТинкТенк форумот, согласно агендата, е предвидено со поздравни обраќања да говорат министрите Османи и Захариева.

Состанокот е во предвечерието на седмиот Самит на Берлинскиот процес, кој оваа година е предвиден да се одржи на 10-ти ноември во Софија, на кој ќе бидат лансирани новиот Акциски план за воспоставување на Заеднички регионален пазар и Зелената агенда за ЗБ кои беа подготвени под водство на Европската комисија и Советот за регионална соработка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кашиковски: Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Ќе нема енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи, вели Мицкоски

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025